Тим Кук го потврди автономното возило и проширената реалност

Објавено на 06.04.2021 во Новости



Тим Кук го потврди автономното возило и проширената реалност

Тим Кук за прв пат проговори јавно за нивното ново автономно возило пред јавноста, на поткастот Sway на Кара Свишер. Apple се уште работи и на проширената реалност, потврдува тој. 

„Вие  и јас имаме одличен разговор сега. Можеби ќе биде и подобар ако ја прошириме нашата дискусија со графикони и други работи што може да се појават. Публиката ќе има придобивки од тоа. Кај телефоните веќе ја забележувам проширената реалност во одредени сектори, без разлика дали е здравство, едукација, играње игри или продажба. Мислам дека има уште поголеми можности во иднина“, објаснува Тим Кук.

Очилата претставуваат едни од уредите што ќе придонесат за надградба на проширената реалност, што исто така би можеле да го видиме наскоро од Apple. Тим Кук не потврди дали Apple Car ќе излезе на пазарот, само вели дека компанијата „сака да интегрира хардвер, софтвер и сервиси, и да пронајде заеднички точки за нив, бидејќи тука се случуваат волшебни работи. А тоа сакаме да го правиме. И сакаме да ја поседуваме примарната технологија“.





Прочитајте повеќе: