Ќе продолжи ли LG со софтверска надградба за Android

Објавено на 06.04.2021 во Новости



Ќе продолжи ли LG со софтверска надградба за Android

LG официјално објави дека излегува од смартфон бизнисот и се разбира дека ова ги вознемири корисниците на LG. На прашањето дали ќе има софтверски надградби, јужнокорејската компанија го потврдува тоа.

„LG ќе обезбеди системска поддршка и софтверска надградба за корисниците на постоечките мобилни продукти во временски период што може да биде различен за сите региони. LG ќе соработува со снабдувачите и бизнис партнерите за мобилниот бизнис. Деталите ќе бидат различни во зависност од локацијата“, гласи официјалната изјава на LG од вчера.

За жал, соопштението од компанијата е недоречено и се уште останува неизвесно дали и до кога ќе има софтверски надградби и за кои региони ќе трае повеќе, а за кои помалку. Се разбира, главните надградби за Android ќе бидат за LG Velvet, LG G8X, LG K52, K42 и LG Wing, кои беа неодамна претставени и ќе добијат Android 11 годинава. Дури и LG G7 One од 2018 година доби Android 11 пред неколку дена.