Човекот кој ја воскресна Nokia ја напушта компанијата

Објавено на 06.04.2021 во Новости



Човекот кој ја воскресна Nokia ја напушта компанијата

Јухо Сарвикас повеќе нема да биде дел од HMD Global како компанија која го воскресна брендот на Nokia со нови Android модели откако беше купена од Microsoft во оригиналната Финска постава.

Сарвикас се сели во Сан Диего во Калифорнија каде ќе биде еден од главните директори на Qualcomm компанијата која произведува чипсети и процесори.

Сарвикас речиси пет години ја водеше HMD Global во Финска и стоеше зад лансирањето на голем број на нови Nokia смартфони.