Google за новиот Pixel 6 со сопствен процесор?

Објавено на 06.04.2021 во Новости



Google за новиот Pixel 6 со сопствен процесор?

Google најверојатно за годинешниот премиум смартфон Pixel 6 подготвува сопствен осум-јадрен процесор изработен во 5mm процес кој ќе има одлични перформанси и подобра интеграција со Android софтверот.

Според првичните информации Google Pixel 6 ќе работи со GS101 Whitechapel процесорот кој се уште е во фаза на развој.

Google уште пред една година најави дека планира поголеми инвестиции во хардверот, односно примена на слична стратегија како и Apple. 

Засега се шпекулира дека GS101 Whitechapel процесорот го разработува Samsung кој може да биде одбран за главен производител на Google но, нема официјална потврда.