iOS 14 достигна 90% стапка на инсталираност

Објавено на 07.04.2021 во Новости



iOS 14 достигна 90% стапка на инсталираност

Apple постигна уште еден фантастичен успех откако е утврдено дека над 90% од сите нивни активни уреди веќе го имаат инсталирано најновиот оперативен систем iOs 14 што е значително побрзо и поефикасно отколку кај платформата на Google.

Оваа бројка е и своевиден рекорд бидејќи во минатите години обично новите верзии на iOs достигнуваа до 80% или 85% на инсталираност. Тоа значи дека корисниците на Apple почесто ги обновуваат нивните смартфони со нови модели, а исто така и полесно може да ја инсталираат најновата софтверска надградба.

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: