Со истражувањето на PornHub, XVideos и XHamster, утврдено е сексуално насилство

Објавено на 08.04.2021 во Новости



Со истражувањето на PornHub, XVideos и XHamster, утврдено е сексуално насилство

Проучувани биле PornHub, XVideos и XHamster порнографските веб страници во Велика Британија и било утврдено дека има многу сексуално насилство. Проучувани биле само насловите на видеата и описот, без видеата. Во истражувањето што траело 6 месеци се нагласува дека видеата се бесплатни и достапни за сите, што значи дека нема ограничување за малолетници. 

Во над 8 илјади видеа имало сексуална агресија и присилна сексуална активност, околу 3 илјади наслови се со сексуално искористување со скриени камери и upskirting, а над 5700 наслови имало и инцест. Pornhub во меѓувреме отстранил милиони видеа од својата страница и тврди дека сите возрасни лица имаат право на свои сексуални преференции, се додека истите се легални и нема насилство во нив.Притоа нагласуваат дка некои односи во сексот изгледаат деградирачки и понижувачки и така не може да се поврзаат со илегални и насилни содржини, односно секс без прифаќање.

Ко-авторката на истражувањето, Фиона Вера-Греј, тврди дека со таквите видеа се искривени границите меѓу сексуалното задоволство и сексуалното насилство. Шарлот Роуз поминала две децении во сексуалната индустрија и не се согласува со таа констатација, затоа што глумците се многу убедливи во глумата и тие уживаат во таквите односи, иако изгледаат како да се насилни.