B2B партнерство ќе склучи Македонија со Германија во јуни

Објавено на 08.04.2021 во Новости



B2B партнерство ќе склучи Македонија со Германија во јуни

Првото виртуелно ИТ германско-македонско B2B партнерство ќе се одржи во јуни, а подготовки се во тек. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Подобрувањето на релациите меѓу македонските и германските ИТ компании е целта на овој проект.

Северна Македонија е одлична алтернатива за компании во чиј стратегиски развој е предвидено аутсорсирање на услуги. Во земјата има голем број ИТ специјалисти кои за своите услуги не наплатуваат часови според тарифите во Западна Европа, туку мошне пониски, но истовремено поседуваат и високи квалификации. Компаниите од Германија кои би сакале да ги вклучиме во ова виртуелно делегациско патување се од индустрискиот сектор, како и компании кои се дел од финансискиот сектор, но веќе користат услуги од македонските ИТ експерти“, наведуваат организаторите.

На 1 јуни ќе се одржи виртуелната конференција, а понатаму како соработка постојано ќе се одржуваат состаноци меѓу компаниите и ќе траат неколку недели, почнувајќи од 2 јуни.