Perseverance направи селфи на Марс со хеликоптерот Ingenuity

Објавено на 08.04.2021 во Новости



Perseverance направи селфи на Марс со хеликоптерот Ingenuity

Роверот Perseverance на Црвената планета слета спектакуларно на 18 февруари со дронот Ingenuity прицврстен на неговата подлога. Дрон-хеликоптерот ќе биде првото оперативно летало на Марс кога ќе се дигне во воздух и ќе почне да ја истражува областа околу роверот од висина.

Тестниот лет би требало да се случи во наредните неколку дена. Perseverance го направи селфито на 6 април, на кое тој и Ingenuity се оддалечени 3,9 метри еден од друг. Селфито е составено од 62 фотографии што ги направила WATSON камерата на роверот, поставена на SHERLOC инструмент, кој се наоѓа на самиот крај на долгата роботска рака. Научниците ги споиле фотографиите во едно големо селфи. 





Прочитајте повеќе: