Facebook и Instagram со проблем за пристап за милиони корисници

Објавено на 09.04.2021 во Новости



Facebook и Instagram со проблем за пристап за милиони корисници

Милиони корисници на Facebook и Instagram не можеле да пристапат вчера, а и утрово се жалат корисници дека не можат да пристапат кон социјалните мрежи. Причината за падот на социјалните мрежи сè уште останува непозната. Twitter функционира без никаков проблем.

Пријавени се десетици илјади корисници со проблем, а 56% од луѓето изјавиле дека воопшто немаат никаков пристап кон Facebook, додека 26% имале проблем со најава, додека 16% имале проблем со News Feed. Проблемите синоќа почнале од 23:00 и се уште проблемот не е решен.