500 милиони хакирани корисници на LinkedIn, личните податоци објавени на хакерски форум

Објавено на 09.04.2021 во Новости



500 милиони хакирани корисници на LinkedIn, личните податоци објавени на хакерски форум

Откако беа објавени лични податоци на 530 милиони корисници на Facebook, сега на удар се корисниците на социјалната мрежа LinkedIn. Станува збор за лични податоци на 500 милиони корисници, кои протекле на хакерски форум.

Податоците што биле објавени на форумот се мејлови, телефонски броеви, податоци за пол, професионални титули, и линкови од други социјални мрежи на корисниците. Таквите лични податоци и другите информации од интернет, хакерите може да ги злоупотребат за различни измами и нови напади на корисниците, кражба на лични податоци, уцена, итн.