Nokia претстави шест нови смартфони: Послаби и помоќни модели со 5G

Објавено на 10.04.2021 во Новости



Nokia претстави шест нови смартфони: Послаби и помоќни модели со 5G

HMD Global претстави 6 нови модели на смартфони од три различни серии: C10 и C20, G10 и G20, Nokia X10 и X20. Последните доаѓаат со 5G технологија и моќни батерии. X-серијата на смартфони имаат 6,67-инчени Full HD+ дисплеи со дупка на екранот за селфи камерата и Snapdragon 480 5G процесор. X10 е послабата верзија со 4/6GB RAM и 64/128GB ROM меморија. X20 моделот е со 6/8GB RAM + 128GB ROM меморија.

Задната главна камера на X20 е со 64MP, додека кај X10 е 48MP. Двата модела се со 2MP макро камера и 5MP ултраширока камера и 2MP сензор за длабочина. Nokia X20 на пазарот ќе се појават за неколку месеци за цена од 349 евра, а X10 за 309 евра.

G10 и G20 се со 6,5-инчени HD+ дисплеи, подобриот модел е со MediaTek G35 процесор со 4/6GB RAM + 128GB ROM меморија, со четворна задна камера со главна резолуција од 48MP, додека останатите три камери се исти како и кај помоќните модели, ултраширока, макро камера и сензор за длабочина. Овој уред ќе се продава за 159 евра, додека за цена од 139 евра ќе биде достапен моделот со послаб процесор G25 и 3/4GB RAM + 32/64GB ROM меморија, со 13MP главна камера и дополнителни две камери од 2MP. Двата модела се со 5000mAh батерија, која издржува и до 3 часа користење.

Автор: Aleksandar Stankov