Google ги негира шпекулациите дека се откажал од Pixel 5a 5G

Објавено на 10.04.2021 во Новости



Google ги негира шпекулациите дека се откажал од Pixel 5a 5G

Google ги негира шпекулациите дека се откажал од лансирање на моделот Pixel 5a 5G во средната висока класа кои ги објавија јутрјубери и блогот Android Central поради наводен недостаток на процесори како проблем кој е глобален и со кој се соочуваат многу производители на смартфони.

Google истакна дека во текот на летото сепак, ќе следи лансирање на Pixel 5a кој треба да биде поевтина верзија од неговиот лански претходник во премиум сегментот Pixel 5 и исто така ќе понуди 5G мобилна конекција.

Засега нема потврда дали Google ќе биде подготвен за лансирање на Pixel 5a 5G со сопствениот процесор кој го развива подолго време или пак, ќе се потпре на залихите на Qualcomm.