Xiaomi развива сопствен процесор со 5G и 8K HD

Објавено на 10.04.2021 во Новости



Xiaomi развива сопствен процесор со 5G и 8K HD

Xiaomi е посветен на развој на сопствен процесор за новите премиум смартфони кој ќе има поддршка за 5H мобилна конекција што е главен приоритет како и поддршка за снимање и прикажување на видеа во 8K HD резолуција.

Според шпекулациите Xiaomi за таа цел ќе ја развива Surge серијата на процесори. Овој пат разликата ќе биде што ќе користи многу понапредна технологија на производство со 3 или 5 nm процес.

Xiaomi како и многу други брендови не сака да зависи од залихите на Qualcomm или Mediatek што е еден од најтешките предизвици оваа година на глобално ниво.