Новите Samsung топ модели на смартфони ќе имаат Olympus камера

Објавено на 12.04.2021 во Новости



Новите Samsung топ модели на смартфони ќе имаат Olympus камера

Соработката на производителот на смартфони и традиционалните фотографски компании е нешто вообичаено. Samsung има одлични камери, но сепак сака да ги подобри. За следната генерација на телефони за развој на оптика ќе соработува со Olympus. 

Се уште нема официјално потврдување за партнерство, но првиот Samsung смартфон со Olympus оптика би можел да се појави уште оваа година и тоа би требало да биде телефон од третата генерација на нивните преклопни смартфони: Galaxy Z Fold 3.

Следната година би требало да биде Samsung Galaxy S22 Ultra со Olympus оптика. На страната Tom`s Guide велат дека соработката со Olympus има смисла, затоа што од оваа компанија пред неколку месеци најавија дека сакаат соработка со други компании, но тоа дека е со Samsung би можело да биде недоразбирање. Сепак, Samsung и Olympus не ја демантирале оваа информација.