НАСА го одложи првиот лет со мини хеликоптерот на Марс

Објавено на 12.04.2021 во Новости



НАСА го одложи првиот лет со мини хеликоптерот на Марс

Мини хеликоптерот Ingenuity што стигна на Марс со роверот Perseverance, сепак нема да полета пред 14 април. Планирано беше да полета вчера на 11 април, но со испитувањето на вртежите на роторот на Ingenuity во петокот покажало проблеми во полетувањето, соопшти НАСА.

Вселенската агенција вели дека хеликоптерот е безбеден и дека испратил податоци за назад на Земјата. Тимот ги проверува податоците со цел да го дијагностицира проблемот и да го одреди новиот датум за тест со целосна брзина на ротација. Во текот на пробното лето хеликоптерот тежок околу 1.8 килограми ќе лета до височина од 3 метри, ќе остане на едно место 30 секунди, а потоа ќе се врати на површината на Марс.





Прочитајте повеќе: