Xiaomi прави нови таблети со 5G, 120 Hz и 5nm процесори

Објавено на 12.04.2021 во Новости



Xiaomi прави нови таблети со 5G, 120 Hz и 5nm процесори

Xiaomi работи на нови таблети кои ќе имаат многу моќни перформанси и во овој сегмент ќе се врати по речиси три години.

Според новите информации Xiaomi Mi Pad таблетите од петтата генерација ќе располагаат со стапка на освежување на екранот од 120 Hz со 4K HD резолуција, ќе располагаат со 5G мобилна конекција и батерии со капацитет од 5000 mAh.

Исто така новите таблети Xiaomi Mi Pad 5 ќе работат со осумјадрени процесори на Qualcomm кои ќе поседуваат 5nm технологија.