Samsung Galaxy A82 е спремен да ја засили средната категорија

Објавено на 13.04.2021 во Новости



Samsung Galaxy A82 е спремен да ја засили средната категорија

Samsung Galaxy A серијата добива нов член, а тоа е Galaxy A82 моделот, кој ќе биде познат под името Galaxy Quantum 2 на одредени пазари, вклучувајќи ја Јужна Кореја. Наводно, се очекува денеска да биде откриен официјално овој уред, според неофицијални извори.

Според досегашните информации, Galaxy A82 ќе биде со поп-ап камера што ротира, како и неговиот претходник, но со друг дизајн. Телефонот ќе биде со заоблен дисплеј и дупка за предната камера од 10MP, дизајниран со метална рамка и матирана позадина. Galaxy A82 доаѓа со 6.7-инчен Super AMOLED Full HD+ дисплеј од 120Hz и вграден сензор за отпечатоци на прсти.

Уредот ќе биде со тројна камера со главен сензор од 64MP со OIS, 12MP ултраширок сензор и 5MP сензор за длабочина. Нема да има џек за слушалки, а за полнење има кабел USB Type-A to USB Type-C. Батеријата ќе биде со 4,500mAh и со поддршка за полнење од 25W. Под хауба има процесор Snapdragon 855+, 6GB RAM + 128GB ROM меморија и плус слот за microSD картичка. 

Се разбира, имате тука и сертификат за водоотпорност IP67.