Huawei го напаѓа пазарот со кој што доминира Tesla

Објавено на 13.04.2021 во Новости



Huawei го напаѓа пазарот со кој што доминира Tesla

Huawei размислува долгорочно и на кои други пазари може да го искористи своето технолошко знаење и експертиза. Пазарот што беше незамислив за класичните технолошки или мобилни компании до пред неколку години е автомобилскиот пазар.

Модерните автомобили нема да бидат како досегашните и ќе бидат поврзани сите со смарт технологија и автопилот. Huawei планира да вложи милијарда долари во развој на автономна технологија и електрични автомобили, спомнувајќи ги Tesla Motors. Моменталниот CEO на компанијата, Eric Xu, за Bloomberg вели дека екипата што ја развива автономната технологија во Huawei се пофали дека нивните автомобили сега веќе може да возат илјадници километри без човечка интервенција: „Тоа е многу подобро од Tesla“, вели тој.