Siri го потврди датумот за следниот промотивен настан на Apple

Објавено на 13.04.2021 во Новости



Siri го потврди датумот за следниот промотивен настан на Apple

Виртуелниот гласовен смарт асистент Siri послужи како портпарол на Apple и преку мобилната апликација пристигна потврда дека следниот голем промотивен настан на компанијата од Купертино ќе се одржи за една недела, поточно на 20 април.

Иако во официјалната објава на Siri не е откриено кои се новите производи кои ќе ги претстави Apple, веќе наголемо се шпекулира дека следни за претставување пред јавноста ќе бидат новите таблети.

Фановите го очекуваат новиот модел iPad Pro со 12,9 инчен таблет со mini LED дисплеј, A14X процесор, iOs 14 оперативен систем и Apple Stylus.





Прочитајте повеќе: