Данска е првата земја што трајно престанува со вакцинирањето со AstraZeneca

Објавено на 14.04.2021 во Новости



Данска е првата земја што трајно престанува со вакцинирањето со AstraZeneca

Данска целосно прекинува со вакцинирањето со AstraZeneca против COVID-19 поради возможни последнични врски помеѓу вакцинирањето и креирањето на крвни згрутчувања, објавено е на конференцијата за новинари од данските регулаторни агенции. 

Данска е првата земја што целосно ја исфрли вакцината на AstraZeneca од својата програма за вакцинирање, изјави Тања Ериксен од данската Агенција за лекови. Со оглед на ситуацијата со пандемијата во Данска, Агенцијата за лекови тврди дека е најдобро да се прекине со вакцинирањето.