Буџетски Samsung Galaxy Z Fold Lite нема да има годинава
Објавено на 15.04.2021 во Новости
Samsung ќе лансира само два преклопни смартфона годинава според гласините. А тоа ќе бидат наследниците на Galaxy Z Fold 2 и Z Flip 5G. Тоа значи дека Galaxy Z Fold Lite изгледа дека нема да излезе во 2021.
Samsung има големи надежи за своите преклопни смартфони, при што нема да има Note телефон годинава. Како негова замена доаѓаат Z серијата на преклопни смартфони. Се прогнозира дека поевтиниот преклопен смартфон на Samsung би бил од $900 до $1,100.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.