Минг-Чи Куо: Какви подобрувања ќе има iPhone во 2022 година

Објавено на 15.04.2021 во Новости



Минг-Чи Куо: Какви подобрувања ќе има iPhone во 2022 година

Минг-Чи Куо тврди дека iPhone 13 mini ќе биде последниот модел од својата категорија, односно последниот mini модел. Со оглед на тоа што имаше ниска побарувачка за овој модел, логично беше да се преземе ваков чекор.

Иако се уште не сме стигнале до половината на 2021 година, Куо веќе објави што да очекуваме во септември, 2022 година. Тогаш ќе има четири модели, два стандардни и два модела од серијата Pro со дијагонала на екранот од 6,1 и 6,7 инчи, големини што веќе ги има кај iPhone 12 Pro. Кај 2022 моделите ќе има големи подобрувања кај камерата, а резолуцијата на главната камера ќе биде дури 48MP, што е сепак помалку од Android моделите, чија резолуција на главна камера често е поголема и од 100MP, но секако треба да се потсети дека бројот на мегапиксели никако не е клучен за квалитетот на фотографиите.

Новите камери сигурно ќе бидат посоодветни за проширена реалност, за која Apple е убеден дека ќе биде една од најважните технологии во иднина, барем на мобилните уреди. Камерите ќе бидат со 8K технологија.