Можно ли е големо изненадување од Apple за неколку денови?

Објавено на 16.04.2021 во Новости



Можно ли е големо изненадување од Apple за неколку денови?

Откако гласовниот асистент Siri откри дека на 29 април ќе се одржи нов голем промотивен настан официјална потврда стигна и од Apple. Од компанијата ветуваат прилично богат настан кој ќе биде преполн со претставување на нови производи.

Веќе е речиси сигурно дека ќе бидат претставени новите модели на таблети iPad Pro овој пат со micro LED технологија на екраните и ново Apple Stylus функционално пенкало.

Но, вистинско изненадување би требало да биде нив мултимедијален уред со повеќе функции слични на Apple HomePod, односно паметен Bluetooth звучник со можност за стриминг, видео камера з воспоставување на интернет повици и поддршка за 120 Hz стапка на освежување на сликата за идеален гејминг. 

Ние ќе го следиме главниот настан на 20 април и навремено ќе ве информираме за сите возбудливи новитети.





Прочитајте повеќе: