Марк Цукерберг е еден од најскапо чуваните директори

Објавено на 16.04.2021 во Новости



Марк Цукерберг е еден од најскапо чуваните директори

Марк Цукерберг е еден од најдобро и најскапо чуваните директори на технолошки компании во светот и според финансиските извештаи кои се објавени преку регулаторните тела компанијата Facebook за неговото обезбедување троши мало богатство.

Во извештајот поднесен до Комисијата за хартии од вредност над САД, Facebook за својот главен директор годишно троши 22,6 милиони долари. Цукерберг има обезбедување 24/7 на сите јавни и приватни настани, како и во неговите приватни имоти.

Обезбедувањето постојано патува со Цукерберг без оглед дали станува збор за деловно или приватно патување. 

Цукерберг е предмет на заштита и целокупно обезбедување поради бројни смртни закани кои му ги упатуваат, најчесто гневни корисници на Facebook.