Дигитален портрет на Едвард Сноуден, изработен од судски документи, продаден за 5,5 милиони долари

Објавено на 18.04.2021 во Новости



Дигитален портрет на Едвард Сноуден, изработен од судски документи, продаден за 5,5 милиони долари

Ликстерот Едвард Сноуден собрал милиони долари за својата новинарска фондација од продажба на дигитална уметност. Автопортретот на 37-годишниот човек, креиран од страниците на американските судски документи, на аукција е продаден за криптовалутата Ethereum, во вредност од вртоглави 5,5 милиони долари.

Сноуден се заблагодари на купувачите преку твит. Приходот оди кон фондацијата Freedom of the Press што ја води од 2017 година. Сноуден го продал своето дело како NFT - незаменлив дигитален токен. NFT е дигитален „предмет“, како што е цртеж, музика, фотографија или видео со потврда за автентичноста креирана преку „блокчејн“ технологија, што станува се повеќе популарна.

Се смета дека автентичноста е непробивна зад секоја компјутерска мрежа. Виртуелниот предмет, а всушност се работи за компјутерски запис, може да се продаде или да се замени заедно со Потврда за автентичност.