Почина таткото на PDF и Photoshop: „Голема загуба за Adobe заедницата и технолошката индустрија“

Објавено на 18.04.2021 во Новости



Почина таткото на PDF и Photoshop: „Голема загуба за Adobe заедницата и технолошката индустрија“

Името на Чарлс Чак Гешке не е толку познато како Стив Џобс, но неговото влијание врз модерните дигитални технологии е многу важно. Се работи за човекот коосновач на Adobe кој помогнал да се смисли форматот на документот PDF. 

Гешке починал неделава во Лос Алтос, Калифорнија. Имал 81 година. 

„Тоа е голема загуба за целата Adobe заедница и технолошката индустрија, за која беше водич и херој со децении“, соопштува извршниот директор на Adobe, Шантану Нарајен. 

Како коосновачи на Adobe, Чак и Џон Варнок развивале револуционерни програми што го променија начинот на којшто луѓето создаваат и комуницираат. Нивниот прв производ бил Adobe PostScript, иновативна технологија што овозможила радикално нов начин на испишување на текст и фотографија на хартија и така покренаа револуција во издаваштвото, стои во пораката во која што се наведува дека Чак е одговорен за некои од најреволуционерните изуми како што е PDF, Illustrator и Photoshop.

„Не можам да замислам подобар, повеќе обожаван и поспособен деловен партнер“, вели тој после веста за смртта на неговиот деловен партнер, д-р Џон Варнок.