Дали Instagram наменет за деца е најлошиот потег на Цукерберг?

Објавено на 18.04.2021 во Новости



Дали Instagram наменет за деца е најлошиот потег на Цукерберг?

Невладината организација "За детство без реклами" упати апел до Марк Цукерберг да се откаже од идејата да лансира специјална апликација на Instagram само за деца, со што значително ќе се спушти старосната граница на малолетници кои ја употребуваат оваа социјална мрежа.

Според организацијата децата во основно училиште и помалите треба да бидат ослободени од влијанието на маркетингот кој го имаат социјалните мрежи.

Друг проблем е што на Instagram се промовира физичкиот изглед и се создава лажна слика за тоа како треба да изгледа една млада личност.

Големата зависност од екраните и мрежите како Instagram се аргумент плус зошто Facebook како корпорација треба да ги остави децата намира и надвор од светот на социјалните мрежи во годините кога се најранливи.