Каква е иднината на Cortana за Android и iOs?

Објавено на 18.04.2021 во Новости



Каква е иднината на Cortana за Android и iOs?

Microsoft повеќе нема да ја поддржува мобилната апликација за гласовниот виртуелен асистент Cortana на платформите Android и iOs.

Користењето на Cortana наместо во посебна мобилна апликација ќе продолжи да се реализира преку останатите апликации на Microsoft како што се Outlook, Teams, OneDrive, Office 365 и други.

Всушност Cortana ќе се користи како помошна алатка интегрирана во останатите апликации, а не како посебен сервис.

Затоа сите што ја користеле Cortana треба да ги симнат сите фајлови и документи на кои претходно работеле бидејќи потоа нема да им бидат достапни.

Автор: Aleksandar Stankov