Само за историја - Смартфонот во ролна на LG доби сертификат

Објавено на 18.04.2021 во Новости



Само за историја - Смартфонот во ролна на LG доби сертификат

LG Mobile како компанија повеќе нема да постои откако главната корпорација од Јужна Кореја донесе одлука да се повлече од производството на смартфони иако имаше одлични иновации.

Меѓу нив за жал е и LG Rollable односно првиот смартфон кој требаше да се витка како ролна. Неговата прва презентација во рана фаза на развој се одржа во јануари за време на CES 2021.

Сега, неколку месеци подоцна излезе и првиот сертификат што значи дека LG имал сериозни намери да го лансира смартфонот со P-OLED дисплеј кој е флексибилен и може да се превиткува, но овој пат ќе остане само за историјата на LG Mobile.