Redmi ќе прави нов гејминг смартфон со топ цена

Објавено на 19.04.2021 во Новости



Redmi ќе прави нов гејминг смартфон со топ цена

Redmi како поевтината верзија на Xiaomi продолжува да креира нови понуди кои ќе бидат наменети овој пат за фановите на мобилните видео игри.

Според најавите Redmi наскоро ќе лансира сопствен гејминг смартфон кој ќе има моќен хардвер и притоа ќе одржи достапна цена која нема да биде превисока.

Гејминг смартфонот на Redmi ќе работи со осум-јадрен Dimensity 1200 процесор, батерија со капацитет од 6000 mAh, супер брзо полнење од 67W, AMOLED дисплеј и стапка на освежување на сликата од 144 Hz.