Историскиот лет е потврден, хеликоптерот Ingenuity полета на Марс

Објавено на 20.04.2021 во Новости



Историскиот лет е потврден, хеликоптерот Ingenuity полета на Марс

НАСА повторно влезе во историјата со првиот успешен хеликоптерски лет на површината на Марс. Потврдено е дека хеликоптерот успешно полетал и слетал, а снимките од самиот хеликоптер Ingenuity и роверот Perseverance тоа дополнително го потврдуваат.

Четири часа траела неизвесноста додека податоците да стигнат од Марс до Земјата. Летот траел 40 секунди, Ingenuity требало да се искачи на височина од три метри, да тргне кон роверот Perseverance и потоа да слета. Сликата од летот во прилог е објавена погоре.





Прочитајте повеќе: