Го спрема ли Samsung првиот таблет на преклоп

Објавено на 20.04.2021 во Новости



Го спрема ли Samsung првиот таблет на преклоп

Samsung веќе го претстави првиот смартфон на преклоп, но сега излегоа информации и дека компанијата размислува и за други категории на преклопни уреди. Протекоа информации дека би можело да излезе и Galaxy Z Fold Tab. 

Станува збор за таблет што би можел да се свитка на три дела, а неговото официјално претставување можеме да го очекуваме во првиот квартал следната година. Со цел да ја разбуди фантазијата кај своите фанови, Samsung за време на претставувањето на третата генерација на преклопен смартфон Fold, би можел да објави и видео тизер со информации за таблет на преклоп.

Автор: Aleksandar Stankov