Apple ги претстави AirTags, видео со целиот настан

Објавено на 20.04.2021 во Новости



Apple ги претстави AirTags, видео со целиот настан

Заедно со новата виолетова боја на iPhone 12, Apple фановите добија уште нешто интересно што може да го стават во својата колекција: AirTags. Отсега со Apple AirTags може да ги најдете сите ваши предмети, за само 29 долари. 

Долго време се зборуваше за AirTags, кои сега ја видоа светлината на денот. AirTags се Apple верзијата на Tile, популарното „душкало“ за вашите клучеви, т.е. привезок за клучеви. Идејата е многу едноставна, ако често ги губите предметите, тогаш AirTag е дефинитивно за вас. Кога ќе го поврзете AirTag со вашиот Apple ID, дефинитивно ќе можете да го пронајдете вашето „изгубено богатство“ за да ја отворите вратата во вашиот дом со помош на Find My app.
 

Автор: Aleksandar Stankov