Apple повторно не воодушеви со најтенкиот iMac

Објавено на 21.04.2021 во Новости



Apple повторно не воодушеви со најтенкиот iMac

Apple дефинитивно не не разочара. Претходно пишувавме за ултра тенкиот нов модел на iPad Pro со Retina дисплеј и моќни перформанси, како и AirTags. Новиот iMac е целосно поинаков од претходникот, базиран на Apple M1 чипот, со 24 инчен дисплеј, кој е најголем досега.

За разлика од досегашните iMac-ови, овој има само 11,5 милиметри, од задната страна има 4 влезови на USB-C и (2 се на Thunderbolt), додека од предната страна има подобрена камера. Новиот iMac го реши и проблемот со многуте каблови, позади има само еден кабел и тоа магнетски. Адаптерот за напојување е преку кабелот и може да го сместите на подот, исто како кај лаптопите. На адаптерот имате и влез за интернет кабел, што е голема иновација.

Темелниот модел на iMac има 8GB RAM+256GB SSD диск, а неговата цена се движи од 1299 до 1499 долари. iMac има безжична тастатура со сензор за отпечаток на прст и TouchID.