AirTag има енкрипција и не ја меморира локацијата на уредот

Објавено на 21.04.2021 во iOs



AirTag има енкрипција и не ја меморира локацијата на уредот

Apple AirTag се мали плочки што може да ги ставите на нешта што не сакате да ги изгубите. Доколку нешто изгубите, може да го најдете со помош на апликацијата "Find My". На пазарот има многу слични алатки, но Apple тврди дека нивниот AirTag е посебен поради технологијата што ја има: Bluetooth LE, NFC и долготрајна батерија, со вграден звучник и акцелерометар.

Интересна е опцијата за приватност, која би требало да спречи злоупотреба и нивно користење за следење на лица. iOS уредите може да детектираат AirTag што не е регистриран кај нив и да го предупреди корисникот дека во близина има непознат AirTag.

Дури и да нема лицето iOS уред, AirTag детектира дека не е во близина на својот корисник и така испушта звук со цел да привлече внимание. AirTags не ја бележат локацијата или историјата на локацијата на самиот уред, туку користат енкрипција за размена на податоци помеѓу AirTag и Find My мрежата.

Автор: Aleksandar Stankov