SpaceX го одложи лансирањето на Crew Dragon до петок

Објавено на 22.04.2021 во Новости



SpaceX го одложи лансирањето на Crew Dragon до петок

Летот на SpaceX со екипаж од Меѓународната вселенска станица (ISS) се одложува од четврток за петок поради временските непогоди, објави НАСА. Лансирањето беше закажано за четврток, но поради лошото време морало да се одложи до петок.

Ракетата на SpaceX ќе одведе четворица астронаути на ISS, во втората таква мисија откако САД ги обновија летовите на ISS и првата во која учествува човек од Европа. Во мисијата Crew-2 учествуваат американските астронаути Шејн Кимбру и Меган МекАртур, Акихико Хошида од Јапонскатата аеронаутичка и вселенска истражувачка агенција (JAXA) и астронаут од Европската вселенска агенција (ESA) - Томас Песке.





Прочитајте повеќе: