Словенечкиот премиер го притисна црвеното копче на суперкомпјутерот Vega

Објавено на 22.04.2021 во Новости



Словенечкиот премиер го притисна црвеното копче на суперкомпјутерот Vega

Словенечкиот премиер Јанез Јанша официјално го притисна црвеното копче за стартување на суперкомпјутерот Vega, кој има за цел да го помогне дигиталниот развој на земјата. Проектот вреди вртоглави 17,2 милиони евра, кофинансиран од европски средства. 

Vega е наречен според словенечкиот математичар Јуриј Вега, сместен во Институтот за информатички науки во Марибор. Ова е еден од најмоќните суперкомпјутери во светот, а само 13 држави во светот имаат суперкомпјутери.

Целта е да се помогне влезот на европските мали и средни претпријатија во високо-технолошката економска иднина. Широка примена ќе има и во областа на вештачката интелигенција со забрзување на идентификацијата на молекули за нови лекови, но и ќе се олесни следењето на заразата со коронавирусот.