Холандски војник лета со помош на специјален костим на млаз

Објавено на 22.04.2021 во Новости



Холандски војник лета со помош на специјален костим на млаз

Војските во цел свет тестираат различни технолошки решенија, на кои треба да им се даде предност доколку почне да се војува. Холандската војска се фокусирала на костим на млазен погон. Со импресивна демонстрација на технологијата летачки војник, едноставно полетал од брод и елегантно слетал на палубата на друг брод. 

Таквото летачко укрцување на брод е поедноставно и побрзо кога мора од мал брод да се качите на голем брод. Тестираниот костим е со четири мини млазни мотори, прицврстени на подлактиците на војникот, а заедно имаат дури 1050 коњски сили. 

Автор: Aleksandar Stankov