Discord ги прекинува преговорите со Microsoft, продолжува самостојно

Објавено на 22.04.2021 во Новости



Discord ги прекинува преговорите со Microsoft, продолжува самостојно

Microsoft сакаше да направи уште една голема аквизиција со Discord, комуникациска платформа, многу популарна кај гејмерите. Според најновите информации, Discord ги прекинал преговорите со Microsoft и одлучил да продолжи самостојно со развој на свои платформи и ширење на работата. 

Во фокусот на Discord ќе биде монетизацијата на постоечките кориснички бази и излез на берза во некоја иднина. Microsoft и Discord воопшто не ја коментираат ситуацијата, ниту кога ги започнаа преговорите, ниту сега. Discord е популарна платформа што се шири најмногу кај љубителите на фудбал, музика, инвеститори во криптовалути, итн. 

Discord овозможува текстуална, видео и аудио комуникација, чиј број на корисници надмина 140 милиони. Деловниот модел се базира на месечни и годишни претплати за дополнителни комункациски алатки. Приходите на компанијата во 2020 година изнесувале 130 милиони долари. Со последната инвестиција на крајот на 2020 година, вреднота на Discord е проценета на 7,5 милијарди долари.