Уште еден историски успех, Perseverance произведе кислород на Марс

Објавено на 23.04.2021 во Новости



Уште еден историски успех, Perseverance произведе кислород на Марс

Ова е пресуден прв чекор во претварањето на јаглерод диоксид во кислород на Марс, вели Џим Ројтер, администраторот во управата на НАСА за вселенска технологија. Технолошката демонстрација се случила во вторникот, на 20 април и постои надеж дека следните верзии на експерименталниот систем користен би можеле да го отворат патот за идни човечки истражувања. 

Тој процес не само што може да произведе кислород што идните астронаути ќе може да го вдишуваат, туку би можел да направи и непотребно извлекување на огромни количини кислород од мразот од длабочините на Марс. Системот "The Mars Oxygen In-Situ Resource Utilization Experiment" или скратено MOXIE, е златна кутија со големина на автомобилски акумулатор и се наоѓа внатре во предната десна страна на роверот.

MOXIE користи електрична енергија и хемија за расцепување на молекулите на јаглеродниот диоксид, кои се состојат од еден атом на јаглерод и два атома на кислород. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: