Amazon отвара фризерски салон со AR огледало

Објавено на 23.04.2021 во Новости



Amazon отвара фризерски салон со AR огледало

Amazon ја проширува својата област во работењето, отвара фризерски салон - Amazon Salon. Се работи за фризерски салон со напредни технолошки решенија, при што услугата нема да се разликува многу од традиционалните салони, кои ќе понудат услуги како што се стрижење, фарбање, фенирање, итн. 

Она по што најмногу ќе се разликува овој салон од традиционалниот, е огледалото со поддршка за проширена реалност (AR). Благодарение на огледалото, пред почетокот на шишањето и фарбањето, ќе може да експериментирате со различни виртуелни бои, со цел брзо и едноставно да ја откриете бојата што најмногу ви се допаѓа, додека седите на фризерската столица. 





Прочитајте повеќе: