На ISS настана гужва, два екипажа на Crew Dragon делат заеднички простори

Објавено на 25.04.2021 во Новости



На ISS настана гужва, два екипажа на Crew Dragon делат заеднички простори

Четиричлениот екипаж со аструнаути во саботата стигна на Меѓународната вселенска станица (ISS) со Crew Dragon капсулата Endeavour на SpaceX, објави НАСА за првиот лет во орбитата со ракетата рециклирана од минатото лето во вселената.

Капсулата Endeavour е лансирана во петокот по втор пат во вселената со ракетата Falcon 9 од центарот на НАСА во Флорида. SpaceX е приватна компанија на Илон Маск. Endeavour стигна на ISS во сабота во 10 часот по наше време, со два астронаута од НАСА, Шејн Кимбру и Меган МекАртур, јапонскиот астронаут Акихико Хошида и францускиот инженер од Европската вселенска агенција Томас Песке.





Прочитајте повеќе: