Најевтината Galaxy A серија на Samsung добива Android 11
Објавено на 25.04.2021 во Новости
Samsung продолжува да ги изненадува своите корисници со Android 11 надградба. Без разлика на тоа кој модел го поседувате, ако не е постар од 2 години, тогаш има голема шанса да го добиете најновиот Android 11 годинава.
Galaxy A01 е најевтиниот од Galaxy A серијата, но сепак добива Android 11 во Европа. Ако имате Galaxy A01, сигурно ќе го добиете новиот One UI 3.x кориснички интерфејс, со што ќе добиете подобро искуство.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.