Кина ја засилува „војната на ѕвездите“ со првиот ровер кој ќе слета на Марс

Објавено на 26.04.2021 во Новости



Кина ја засилува „војната на ѕвездите“ со првиот ровер кој ќе слета на Марс

Кина ги покажува своите амбиции за геополитичко позиционирање како нова светска сила и преку вселенската програма, како и најавата за слетување на првиот кинески ровер на Марс што треба да се случи следниот месец доколку се оди според планираното.

Првиот кинески ровер е наречен Џуронг именуван според митолошкиот бог на огнот и војната. Името има двојна порака, првенството да го „разгоре огнот“ на кинеската вселенска програма на Марс, но и освојување и успех. 

Роверот е сместен на сондата Тианвен која во февруари навлезе во влезната орбита на Марс, а ќе може да функционира околу 90 дена, доволно за да собере материјали за истражување на површината на планетата како и метеоролошки испитувања. 





Прочитајте повеќе: