Ingenuity хеликоптерот на НАСА ја испрати првата фотографија во лет, во боја од Марс

Објавено на 26.04.2021 во Новости



Ingenuity хеликоптерот на НАСА ја испрати првата фотографија во лет, во боја од Марс

Малиот хеликоптер Ingenuity во склоп на мисијата Perseverance го изврши првиот историски лет на Марс за човештвото и продолжува да ги воодушевува научниците. Во текот на првиот лет, кој што траел 40 секунди, успеал да ја направи и првата фотографија од лет, во боја на површината на Марс и да ја испрати на научниците.

Во моментот на снимањето на фотографијата Ingenuity лебдел во висина од 5,2 метри и се спремал за лет кон напред. Затоа успеал да ја фати својата сенка и трагите на роверот на површината на Марс. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: