Хеликоптерот на НАСА со секој лет оди се подалеку
Објавено на 27.04.2021 во Новости
Минијатурниот хеликоптер Ingenuity е тежок помалку од 2 килограма, кој на Марс се наоѓа во склоп на мисијата на роверот Perseverance. Објавен е и третиот лет, кој овој пат поминал 80 секунди во воздухот.
Според податоците на НАСА, хеликоптерот се дигнал до височина од околу 5 метри, а потоа го направил бочниот маневар од 50 метри, во воздухот поминал 80 секунди, а потоа се вратил на почетната позиција. Неделниот лет беше најдобар досега, но инженерите велат дека ќе се обидат да постигнат уште подобар резултат.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.