Маск се потсмева на Безос после натпреварот на НАСА: „Не може да се дигне...“

Објавено на 28.04.2021 во Новости



Маск се потсмева на Безос после натпреварот на НАСА: „Не може да се дигне...“

Првиот човек на SpaceX се потсмева на Џеф Безос, со цел да го оспори неговиот голем договор со НАСА. Двајцата милијардери се обидуваат да лансираат орбитални ракети со голем домет и се натпреваруваат за привлечен договор со американската влада за изградба на вселенски брод, кој ќе ги превезе астронаутите на Месечината во 2024.

Маск победи, а Безос не е среќен поради тоа. Неговата компанија Blue Origin во понеделникот се жалела кон надлежната владина канцеларија обвинувајќи ја НАСА за промени во условите за натпреварување во последен час. Маск му возврати на ова: „Не може да се дигне (до орбитата), умирам од смеење“.