Концептот Pony на Hyundai е фантастична комбинација на ретро и футуристички дизајн

Објавено на 28.04.2021 во Новости



Концептот Pony на Hyundai е фантастична комбинација на ретро и футуристички дизајн

Pony е еден од најважните модели во историјата на Hyundai. Тоа е првиот јужнокорејски автомобил, кој што масовно се произведувал и кој се продавал и на други пазари, а не само на локален. Неговото производство се одвивало од 1975 до 1990 година.

Hyundai ја гледа иднината во електрификацијата, но не сака ниту да ги заборави старите модели со кои што успеал на пазарот.

Така е претставена модернизираната верзија на Pony, која најдобро може да се опише со „ретро и футуристички“ дизајн. Станува збор за концепт, кој може да се појави во продажните салони и на патиштата, но нема тоа да се случи наскоро - Heritage Series PONY.

Автор: Aleksandar Stankov