Илон Маск бил поинаков од брат му и сестра му

Објавено на 28.04.2021 во Новости



Илон Маск бил поинаков од брат му и сестра му

Таткото на Илон Маск проговори пред јавноста, со детали каков бил како дете. Ерол Маск, сака да носи кафеава јакна и фармерки. Братот на Илон е Кимбал Маск, милионерот со одгледување зеленчук и синџири ресторани. Сестрата на Илон, Тоска, е филмска режисерка и продуцент.

„Можеш да му дозволиш на Илон да прави што сакаш на компјутер, но не барај од него да се качи навреме во автобусот“, вели сестра му Тоска.

„Илон беше интровертен мислител. Кога и да одеше на забава, додека сите се забавуваа и пиеја, тој влегуваше во библиотеки на други луѓе и ги пребаруваше нивните книги. Тоа беше неговата забава. Кога имаше само три или четири години, тој ќе ме прашаше: „А каде е целиот свет?“. Поради ваквите прашања, сфатив дека е малку поразличен“, вели Ерол.

Кога излегле компјутерите, сакал да се запише на курс и да научи како функционираат. „Експертите од Велика Британија кои го предаваа курсот, рекоа дека не работат со деца, а тој инсистираше, иако имаше само 11 години. ден од оние професори што дури и не ми се претстави ми рече дека мојот син мора да започне да работи на компјутер што е можно побрзо. Така, купивме еден, фала му на Бога, и благодарение на тој компјутер, тој научи сè и стана компјутерска машина - од ДОС до сериозно програмирање“, вели Ерол.