Motorola Edge доаѓа со камера од 108MP

Објавено на 28.04.2021 во Новости



Motorola Edge доаѓа со камера од 108MP

Минатиот април Motorola излезе на пазарот со два предводника: Edge и Edge+. Овој пат компанијата развива три Edge предводници. Според ликстерот Иван Блес, трите кодни имиња на новите модели се ‘Kyoto,’ ‘Sierra,’ и ‘Berlin’.

Нема повеќе детали за моделите, само за ‘Kyoto’ се знае дека Motorola планира сензор за главната камера од 108MP, кој беше претходно користен кај Moto G60, што значи дека би можел да биде поевтин тип на предводник. Главната камера ќе биде придружена со 8MP ултраширок сензор, 8MP макро сензор и 2MP сензор за длабочина на детали, додека предната камера ќе биде со 16MP или 32MP. Официјалното излегување на новите модели се очекува доцна оваа година, а можеби и во текот на летните месеци.